Не пропуштајте го балетскиот спектакл „Клеопатра“

14 ноември 2019

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика и ќе биде изведен на 16 ноември со почеток во 20 часот.

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) - Цезар, Бобан Ковачевски - Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска - Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и на Националната опера и балет. 

Диригент е Бисера Чадловска.

Нашата публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

Доколку сè уште не сте го гледале, не пропуштајте ја оваа шанса!

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.834 пати
Тагови: 
Клеопатра балет