Не пропуштајте: Вечерва небото ќе биде магично!

12 август 2019

Астрономите најавија метеорски дожд кој што ќе се случува ноќеска (12-ти спроти 13-ти). Се работи за метеорски дожд на персеидите, а ќе биде вистинско уживање за вљубениците во ѕвездите. 

Од 22 часот па до утрината можете да видите од десет до 15 метеори на час, а НАСА вели дека во најфреквентните моменти може да се очекуваат и до 60 метеори на час.

Сепак, за да не се разочарате, внимавајте на локацијата од која ќе го гледате небото. Она што би можело да ви го расипе доживувањето е речиси полната Месечина, чија светлина би можела значително да ја намали видливоста на метеорите. Затоа, одберете локација која ќе биде оддалечена од градската и месечевата светлина.

Поминете една вечер под ведро небо, бидете романтични. Постои верување дека за време на метеорски дожд треба да си замислите желба и ако го видите дождот, истата ќе ви се исполни, затоа вечерва препуштете се на желбите и уживањето!

Објавено:
12 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.791 пати