Несекојдневно уживање за сите сетила во Дистрикт бар и ресторан

18 август 2016

Многу ресторани и барови се отвораат во Скопје, меѓутоа само мал број од нив може да се пофалат дека носат нови концепти, нови специјалитети и нови начини на уживање за гостите. Еден од нив е несомнено „Дистрикт“ – барот и ресторан во рамките на „Скопје Мериот Хотел“.

Лоциран и со директен влез од самиот „Плоштад Македонија“ во центарот на градот, „Дистрикт“ не само што ги исполнува, туку и ги надминува вашите очекувања за креативен концепт на ресторан и бар. Од превкусното кафе, кое можете да го пиете во живописниот ентериер на ресторанот или пак да го земете за носење, преку неверојатните специјалитети кои изгледаат совршено, сè до уникатните коктели, специфични само за „Дистрикт“ - секој сегмент е внимателно одбран за вас и вашето уживање да се на прво место.

Кујната на „Дистрикт“ функционира на принципот “отворена кујна”, каде секој гостин може да гледа како се подготвува храната од страна на искусните и вешти готвачи, чие долгогодишно искуство е докажано во голем број хотели од синџирот „Мериот“, додека храната се подготвува на скара на жар од брендот „Josper Grill“. Дополнително, гостите имаат слобода сами да ја креираат својата совршена салата, која ќе биде подготвена од најквалитетните и најсвежите производи од локалниот пазар.

За првпат во Скопје може да се пробаат специјалитети од светската кујна, за кои досега само сте слушнале, или пак сте ги пробале надвор од Македонија. Сепак, тоа не значи дека локалната и регионалната кујна се запоставени, напротив, тие се неверојатно вклопени во целиот гастрономски концепт на „Дистрикт“, што дава едно поинакво искуство, при спојување на вашите омилени локални и меѓународни специјалитети.

Уметноста на коктелите пак, е приказна сама за себе. Подготвувани од врвни коктел-мајстори, коктелите во Дистрикт имаат моќ да ве пренесат во нови светови на бои и вкусови. Барот е одлична локација за сите оние кои сакаат нешто несекојдневно, нешто ново и нешто кое не може да се најде на ниту едно друго место во градот. Доколку веќе стандардните коктели ви се секојдневие во летните денови и сакате да пробате нешто ново, резервирајте во „Дистрикт“ уште денес.

Ентериерот само ја надополнува целата бајка на „Дистрикт“: “модерен” и “софистициран” е потценување на изгледот на ресторанот и барот, кој ќе ве маѓепса уште од првиот момент кога ќе зачекорите во „Дистрикт“. Топлите бои и нијанси, во комбинација со природните материјали, ведрите тонови и впечатливиот мебел само го надополнуваат целосното искуство и го прават „Дистрикт“ неколкучасовен одмор за сите ваши сетила.

Овој петок следи и нова Friday50 afterwork коктел забава и нов предизвик за вас!

Бидете брзи и искористете ја на нашиот шанк лозинката Friday50 за да добиете бесплатен пијалак! Овој пат, пијалак на неделата е неодоливиот Aperol Spritz, а пак одговорен за одличната атмосфера ќе биде мајсторот за најдобрите забави -  DJ Nikifor.

Се гледаме на терасата на „Дистрикт“ ресторан за да наздравиме за завршената успешна работна недела!

 

*Спонзорирана објава

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.085 пати