Ако им веруваме на статистиките, тие велат дека новогодишните одлуки завршуваат во моментот кога ќе ги напишеме. Добро, можеби не буквално, но после недела и пол да.
Но, сепак ги правиме. Најчестите одлуки годинин наназад се оние за здрав живот, поточно - сакам да ослабам и сакам да имам повеќе пари. Изненадувачки, но љубовта, односно потрагата по партнер ја нема ниту во првите пет.
View this post on Instagram
За некого запишувањето новогодишни одлуки односно желби е план за тоа како сака да ги помине следните 365 дена. Дава надеж дека работите ќе бидат потребни, има доза на ентузијазам, на мотивираност...
Но, оваа 2020 покажа колку планирањето умее да биде „смешно“.
Британскиот сајт „Тhe Conversation“ пишува дека до февруари месец (тие имаат дури и поширока временска рамка од некои американски истражувања) речиси половина од „одлучните“ граѓани прекршуваат некое од празничните ветувања донесени ете и месец дена пред тоа.
Знаете ли колку остануваат истрајни до следната Нова година?
Само четири отсто!
View this post on Instagram
Стручната фела вели дека ние го потценуваме времето што ни е потребно за некоја навика да ја отфрлиме или прифатиме. На пример, популарно е мислењето дека за такво нешто ни е потребен во просек 21 ден. Но, истражувања покажале дека во просек ни се потребни дури околу 66 дена пред да се збогуваме со некоја стара навика или новата да ја третираме како одамна постоечка.
Тогаш значи дека пишувањето новогодишни одлуки е залудно потрошено време.
Одлуките кои „започнуваат“ од понеделник, од Нова година, од роденден, се залудни бидејќи тоа е нешто што ТРЕБА да се направи, но не нужно и што се САКА.
View this post on Instagram
Вистинската промена настанува кога нешто навистина ќе сакаме да го направиме. Во моментот кога ќе пресечеме дека нешто сакаме да смениме.
Се' друго се сведува на лажно ветување пред се' кон себеси, на краткотрајни надежи и притисок, кој и не ни е баш потребен.
Денешната желба, лесно може да се претвори во утрешна фрустрација.
Затоа, да престанеме да ги копираме туѓите денови, животи, желби, објави...Дури и да немате новогодишна одлука, во ред е. Малите чекори исто така водат до големи нешта, ако знаете каде сакате да одите.
View this post on Instagram
И не, не сме новите во новата година. Истите сме, но доколку сакаме навистина да се смениме, или да смениме некоја навика, макар тоа значело да пиеме повеќе вода на дневно ниво или пак, да купуваме почесто цвеќе од улични продавачи, ќе ни треба малку повеќе цврста волја, желба и љубов отколку само да го ставиме на хартија тоа, за потоа како парфем да испари во воздухот.
На крај, прилагодете ги промените на своите можности и својот живот.