Нов документарец за Курт Кобејн

26 ноември 2014

„Kurt Cobain: Montage of Heck“ е првиот документарен филм снимен во соработка со продукцијата на Кобејн, во кој ќе биде прикажан досега необјавен материјал, од архивата на гранџ ѕвездата и тоа на приватен и професионален план. Режисер на документарецот е Брет Морген, кој претходно ги сними документарните филмови „Crossfire Hurricane“ за Ролинг Стоунс и „The Kid Stays in the Picture“ за продуцентот Роберт Еванс.

 

Кобејн ја основаше Нирвана во 1985 година, а песната „Smells Like Teen Spirit" е прогласена за Химна на генерацијата. Гранџ ѕвездата изврши самоубиство во 1994 година, на 27 годишна возраста, а зад себе остави музичко наследство кое и ден денес е основа за голем број следбеници.

Објавено:
26 ноември 2014
Категорија: 
Култура