Нов месец - нови одлуки: 30 работи што треба секоја жена да ги направи макар еднаш во животот

1 август 2019

Иако порано 2020 сме ја замислувале како „година од иднината“, факт е дека за пет месеци, ќе ни тропне на врата и нè потсетува дека времето навистина брзо минува.

Токму затоа и треба да внимаваме како го трошиме. 

Од денеска започнуваме со нов месец, кој може да биде и поттик за нови одлуки.

Во продолжение ви даваме предлог од 30 работи кои секоја жена, без оглед на возраста, макар еднаш во животот треба да ги направи:

 

1. Авантура со најдобрата пријателка, макар тоа да е и еднодневен излет во некое ново место.

2.Пронајдете фраза или цитат кој ќе стане ваша лична мантра или мото по кое ќе се водите во животот.

3. Ако имате долга коса, макар еднаш скратете ја, ама вистински! Косата брзо ќе порасне, а може и ќе ви се допадне промената.

4.Простете некому, иако ви е многу тешко.

5. Отпатувајте сами.

6. Запишете се на кик-бокс.

7. Појдете на масажа после стресен ден.

8. Излезете сами на вечера.

9. Исполнете некој физички предизвик.

10. Изедете десерт за појадок.

11. Зборувајте во јавност.

12.Живејте некое време сосема сами.

13.Потрошете голема сума пари на нешто што навистина, ама навистина го посакувате.

14. Имајте домашно милениче.

15. Почести ручек некого кому му е нависитна потребно.

16. Научете да ги сакате работите за кои мислевте дека ги мразите.

17.Не сте имале прамен од коса во необична боја? Сега е вистинско време за тоа!

18. Направете нешто што ве плаши, макар еднаш годишно.

19. Пробајте нови јадења и специјалитети од странски кујни.

20. Пејте на караоке.

21.Изедете благо без грижа на совест.

22. Напишете писмо на саканата личност, во која ѝ кажувате колку многу ви значи.

23. Отидете на психолог, макар тоа било прв и последен пат.

24. Аплицирајте на работни места од соништата, иако не сте квалификувани.

25. Отидете на концерт на кој никогаш не би отишле и поради што пријателите би ви се смееле.

26. Заминете на седум дена некаде каде што нема сигнал за телефон.

27. Научете да правите јадење по кое ќе бидете познати.

28. Ризикувајте на работа иако другите ќе мислат дека сте луди.

29. Дајте отказ на работното место кое го мразите.

30.Имајте хоби.

 

Бонус: 31.Елиминирајте ги од животот луѓето што ви ја црпат енергијата на најлош можен начин.

 

Со што ќе почнете, а што веќе сте направиле?

 

фото извор: pinterest.com;

Објавено:
1 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.109 пати