Нова комедија со Леонардо Дикаприо, Џенифер Лоренс, Мерил Стрип и многу други

19 октомври 2020

Неверојатна актерска екипа ќе биде дел од новото остварување на режисерот Адам Мекеј, насловено „Don't Look Up“.

Како пренесува магазинот „Variety“, дејството се движи околу два астронаути, од пониска класа, кои гостуваат во сите медиуми за да го предупредат човештвото дека астероид се движи кон нашата планета и би можел да ја уништи. Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс ќе бидат тие астронаути.

Но, листата на познати актери што ќе ги видиме во филмот не завршува тука - Мерил Стрип, Кејт Бланшет и Метју Пери, како и Џона Хил, Роб Морган, Химеш Пател, како и фантастичниот млад актер Тимоти Шаламе се дел од екипата.

Сепак, ни тоа не е се'.Режисерот одлучи во остварувањето да вклучи и две музички ѕвезди, а тоа се Аријана Гранде и Кид Кади.

Снимањето на фимот ќе започне кон крајот на годинава, а премиерата ќе се очекува во втората половина на 2021 година, на „Нетфликс“.

Има две варијанти за филм со ваква актерка екипа - или ќе биде одличен, или сосема просечен (или под тоа) и со тоа ќе ги уништат очекувањата на публиката.

Но, она што е сигурно е дека овие имиња предизвикуваат големо внимание, па самите се доволен маркетинг за филмот.

Објавено:
19 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
364 пати