Нова музејска прогноза за инспиративната изложба на Дрис ван Нотен

27 јуни 2014

Спектакуларната изложба на Дрис ван Нотен во музејот за декоративна уметност во Париз ги слави инспиративните импулси на самиот дизајнер вклучувајќи ги тука и Демијан Хирст и Елза Скјапарели.

Изложбата открива детали за инспирацијата која му послужила на дизајнерот за создавање на вакви креации. Поради успехот што го постигна изложбата која требаше да заврши има продолжен рок, па сите вљубеници во модата и обожавателите ќе можат да ја погледнат во временска рамка од 31 август до втори ноември. Информацијата во медиумите ја пласираа токму организаторите на настанот кој не можеа да ја скријат возбудата и задоволството од прекрасно завршената работа и постигнатиот успех.

Изложбата која официјално беше отворена на први март презентираше уметнички дела, модни „богатства“ од архивата на компанијата, филмови, скулптури и фотографии кои се збогатени до историски и биографски факти за 30 годишната работа на белгискиот дизајнер, чие работно портфолио буквално го фасцинира секој човек.

 

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Култура