Новак Ѓоковиќ донира милион евра за респиратори за Србија

27 март 2020

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе донира еден милион евра за респиратори и дополнителна медицинска опрема за Србија, со цел да ѝ помогне на својата земја во борбата со коронавирусот.

Новак заедно со неговата сопруга Јелена, преку нивната хуманитарна фондација сумата ќе ја донираат за набавка на респиратори од Кина и Германија.

Тие онлајн преку видеоразговор им се обратија на српските новинари, упатувајќи голема благодарност пред се до здравствените работници.

„Ви благодарам што присуствувате на ова конференциско дружење. Сакам да започнам со тоа што ќе изразам голема благодарност до целиот медицински персонал кој со денови, ширум светот, се бори за здравјето на луѓето и се труди на секој начин да им помогне на инфицираните" вели Новак во изјавата.

Тој додава дека во набавката на респираторите ќе му помогнат лични контакти, неговиот вујко кој има своја релација и мрежа на луѓе на кинескиот пазар, како и неговите родители кои имаат многу пријатели во Германија.

„Респираторите се најнеопходни во моментов за спасување човечки живот. Со оглед на состојбата во болниците, тие се потребни уште денеска, а се најдобро краткорочно, но и долгорочно решение", додава Ноле.

Инаку до сега многу познати спортисти од Србија донираа за својата земја помагајќи ѝ во справувањето со крзината ситуација. Меѓу нив и поранешната прва тенисерка на светот, Ана Ивановиќ.

 

Објавено:
27 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
728 пати