Една од омилените атракции во Скопје, особено во летниот период, е Зоолошката градина.
Атрактивна за целото семејство, скопската ЗОО перманенто ги надградува забавните актвности во својот програм, а годинава го прошири и своето семејство со прекрасните егзотични убавци – фламингосите, додека за дополнителна забава за најмладите ја реализираше и мини зоолошката „Бејби Зоо".
Секогаш кога ќе ја посетиме нашата омилена ЗОО, задолжително правиме и по некоја фотографија за спомен, а имајќи го тоа предвид одговорните оваа сезона ги збогатија катчињата за фотографирање, со уметнички дела за кои специјално ангажираа уметници кои дополнително ќе го разубават амбиентот.
ЗД мурал, дело на Гордана Винчиќ
Меѓу новите атрактивни катчиња за супер Инстаграм фотографии се ЗД муралот – Риба што го изработи уметницата Гордана Винчиќ, како и цртежот со крилја во близина на живеалиштето на фламингостите, што го изработи уметницата Данче Ефтимова.
Дело на Данче Ефтимова
Си направивте ли веќе нови кул фотографии?