Новогодишната порака на Пауло Коелјо: А утре, кога ќе излезе сонцето, сè што треба да си кажеме е...

7 јануари 2021

Писмо на Пауло Коелјо напишано пред неколку години, на новогодишната ноќ, е добар потсетник на тоа дека никој од нас не може да се врати наназад, но може да тргне напред. 

Во продолжение ве потсетуваме на неговите зборови:

„А утре, кога ќе излезе сонцето, сè што треба да си кажеме е:

На оваа година ќе мислам како на првата година во мојот живот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@scrunchies.by.lina)

 

Ќе ги погледнам сите членови на семејството, изненадено и возбудено, среќен што се тука до мене и што во тишина го делиме она за кое многу се зборува, а толку малку го разбираме - љубовта.

 Ќе поминам покрај просјак кој ќе ми побара малку пари. Можеби ќе му дадам, а можеби само ќе поминам покрај него мислејќи како ќе ги потроши на алкохол. И додека поминувам, ќе ги слушам неговите навреди и ќе знам дека едноставно, тоа е начинот на кој тој комуницира со мене.

Ќе поминам покрај некој кој се обидува да го уништи мостот. Можеби ќе се обидам да го спречам, а можеби ќе сфатам дека тој го прави тоа затоа што нема никој кој би го чекал на другата страна на мостот и дека ова е само начин за да ја одбегне осаменоста.

Ќе гледам во сè и секого околу себе како да ги гледам првпат, посебно малите нешта на кои се навикнав, заборавајќи ја магијата која ги опкружува. Песокот во пустината, на пример, кој се движи со енергија која не ја разбирам, бидејќи не можам да го видам ветерот.

Наместо да ги забележам работите кои веројатно нема да ги заборавам, во тетратката која ја носам секогаш, ќе запишам песна. Дури и никогаш да не сум напишал ниту една и дури и ако веќе никогаш не напишам, барем ќе знам дека имав доволно храброст своите чувства да ги преточам во зборови.

Кога ќе стасам до малото село кое така добро го познавама, ќе влезам од другата страна. Ќе се насмевнувам, а селаните ќе зборуваат: „Мора да е бесен затоа што војната и уништувањето оставија пустош“.

Меѓутоа, јас само ќе се насмевнувам, затоа што ми годи што знам дека мислат дека сум бесен. Насмевката е мојот начин да кажам: „Можете да ми го уништите телото, но не и душата“.

Вечер, пред да тргнам, ќе поминам малку време средувајќи еден куп работи за кои никогаш немав доволно трпение. И ќе откријам дека таму е и мал дел од мојата историја. 

Сите писма, пораки, исечоци и рецепти ќе тргнат во свој живот и ќе можат да ми раскажат необични приказни - за минатото и за иднината. За најразлични работи на светот, за сите улици по кои сме чекореле, за сите влезови и излези од мојот живот.

Ќе ја облечам кошулата која често ја носам и за првпат ќе обрнам внимание на тоа како е сошиена. Ќе ги замислам рацете кои го береле памукот и реката во која нишките се родени. Ќе сфатам дека сите тие сега невидливи работи се дел од историјата на мојата кошула.

И сите оние работи на кои сум навикнал - како што се сандалите кои, после долга употреба, станале додаток на моите стапала, ќе бидат завиени во мистеријата на откритието. 

Штом тргнам во иднината, ќе ми помагаат и гребнатините на сандалите, создадени кога се сопнував во минатото. 

Сè што раката ќе ми допре, а очите видат и устата ќе вкуси, нека биде поинакво, а сепак исто.

На тој начин, сите тие работи ќе престанат да бидат мртва природа и наместо тоа, ќе објаснат зошто траеле толку долго - ќе ми го откријат чудото на повторната средба со емоциите заборавени под урнатините.

На оваа година ќе мислам како на првата година од својот живот.

 

извадок од „Ракописот од Акра“

Објавено:
7 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
660 пати