Првиот саем на уметност Паратисима кој изминатиот викенд се одржа во Скопје во просториите на Македонскиот културен центар под иницијатива на Граѓанското здружение Континео 2020 и YLDA (Young People for Local Development Association) од Торино Италија заврши. Десетината млади артисти кои благодарение на својата умешност, креативност и талент се најдоа на листата на завршната селекција и издвојуваа победа, а со тоа автоматски се квалификуваа и обезбедија учество на саемот за уметност кој ќе се одржи во Торино во ноември годинава.
Имињата на уметниците кои успеаја да се истакнат со својата посебност се Ленче Андонова, Ана Лазаревска, Борче Богоевски, Лудус и Just Becouse, Калина Брајковска, Ненад Тонкин, Творница, Маја Кировска, Горан Менков, Бојан Ивановски и Александра Илиќ.
Во креирањето на завршната селекција последниот збор го има, уметничката директорка на фестивалот Елена Вељановска и претставникот од Паратисима Торини, Александро Стило.
Ова беше прво издание на саем за уметност во Скопје, на кои со свои креации учество земаат повеќе од 80 уметници кои се претставија со различни уметнички инсталации како дизајн и накит, проекции, работилници, презентации, фотографија, уметнички перформанси и други содржини.