Објавени номинациите за „Еми“

13 јули 2018

„Игра на тронови“ е сè уште на врвот, барем кога се номинациите за „Еми“ наградите во прашање. Вчера се објавија номинациите во сите категории, а споменатата серија има дури 22.

Зад неа се „Западен свет“ и „Сабота навечер во живот" на Лорн Мајклс, скеч-комедија во која отворено се исмејуваше Доналд Трамп со 21 и „Приказните на слугинката“ со 20 номинации.

Серијата „Атланта“ на Доланд Гловер има 16 номинации и е главниот фаворит во категоријата за најдобра комедија. 

Во медиумите мошне популарна е веста и за актерката Сандра Оу, која публиката најмногу ја препознава по серијата „Вовед во Анатомија“, каде беше др. Кристина Јенг.  Имено, Сандра за првпат е номинирана за најдобра актерка во главна улога, со што за првпат е номинирана и актерка со азиско-американско потекло. Номинацијата е за улогата на агентката Ив Поластри од „Убивањето на Ив“.

Конкуренцијата во оваа категорија е силна, бидејќи номинирани се и Клер Фој од „Кралицата", Татјана Малсани од „Орфан Блек", Елизабет Мос од „Приказна на робинката", Еван Рејчел Вуд од „Вестворлд", Кери Расел од „Американците".

Стриминг платформата „Нетфликс" има вкупно 112 номинации, следена од „Ејч-Би-О“ со 108. 

Годинашното издание на „Еми“ е закажано за 17.септември, а сите номинирани погледнете ги на линкот ТУКА!

 

Објавено:
13 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
263 пати