Од 10 до 17 декември: Недела на излозите

5 декември 2019

"Недела на излозите" е нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот.

За првото издание на фестивалот, младите модни дизајнери и архитекти со преуредување на излозите и јавниот простор прикажани на мапата, од 10.12.2019 до 17.12.2019 ќе го претворат центарот на градот Скопје во модерна галерија.

Веруваме дека во текот на овие седум дена ќе поминувате низ центар, па не пропуштајте ја шансата да ги погледнете новите излози на „Култура“ и „Хронометар“ на плоштад, потоа Театарот за деца и младинци, а потоа и излозите на „Литература.мк“, „Пасаж“ и „Линдт“ на улица Македонија. 

Официјалното отворање на фестивалот ќе се случи во вторник со почеток од 19 часот во ресторанот „Пелистер“.

Повеќе информации можете да погледнете на линкот ТУКА.

 

Објавено:
5 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
166 пати