Од денес ќе можеме да гледаме претстави на МОБ од дома

7 април 2020

Убава вест за љубителите на оперската и балетската уметност.

Од МОБ соопштија дека почнувајќи од денес, на нивниот „Јутјуб“ канал ќе можеме да ги погледнеме омилените оперски и балетски претстави.

Претставите ќе почнуваат од 20 часот, а ќе започнат со прекрасното „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски.

Претставата е изведена во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери" 2015 година.
Балетот е во кореографија на Виктор Јаременко (Украина), во главните улоги се првенците на Болшој театарот од
Москва, Нина Капцова и Артјом Овчаренко, а во улогата на Ротбарт настапува: Дојчин Дочев (Бугарија).
Диригент: Ѓорѓе Павловиќ (Србија)
Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Линк - „Јутјуб канал на МОБ

#СедиДома и гледај опера и балет!

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
558 пати