Од денеска ЗОО градина повторно отворена за посетители

26 мај 2020

Од Зоолошката градина во Скопје соопштија дека вратите за посетителите ќе бидат отворени од денеска. Сепак, доколку сакате да се дружите со животните и да одите таму на прошетка, ќе мора да го сторите тоа по нов протокол за движење и придружување кон мерките, кои ви ги пренесуваме во продолжение:

  • Носење маска/марама при влез во Зоо Скопје
  • Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
  • Строго е забрането хранење и доближување до животните
  • Отпадоците да се фрлаат во корпите
  • Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
  • Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
  • Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

„Јавното здравје е пред се' и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките“, порачуваат од тимот.

Воедно, тие објавија и дека во подготовка е живеалиштето за фламингата, за кое велат дека е едно од најубавите во Европа.

 

фото извор: facebook.com//ZooSkopje/

Објавено:
26 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
86 пати
Тагови: 
зоо скопје