Од дома ќе гледаме претстави и од „Театар комедија“

17 март 2020

Тимот на НУ „Театар комедија“ на нивната фејсбук страница пред неколку часа најавија дека дел од нивниот репертоар ќе биде достапен онлајн.

сцена од „Вардарски пастуви“, фото: facebook.com/TeatarKomedija

„Почитувана публико,

Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави.
Во текот на утрешниот ден ќе објавиме која претстава ќе може да ја погледнете утре во 20 часот на нашиот YouTube-канал, кој ќе биде достапен од утре.

Останете дома, почитувајте ги препораките и останете во добро расположение со нас!“, се вели во соопштението.

Уште една одлична вест денеска. Убаво е да се осврнеме на културата и уметноста деновиве. 

 

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
13.168 пати