Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење

11 јуни 2019

Скопје постер фестивалот во реализација на својата мисија има зацртано да делува на полето на подигање општествена свест за глобалните предизвици - оваа година тој предизвик е насловен „Инклузија, не ексклузија".

Тема на 13-от европски конкурс за изработка на плакат, Плакарт - Здружението на графички дизајнери и Советот на СПФ одлучија да биде вклученоста на најранливите групи во општеството.

Студентите од Европскиот континент, преку своите дела, изразија цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените инивидуи и општествени групи. Студенти од речиси целиот континент, од Португалија до Турција, од Велика Британија до Русија учествуваа во конкурсот „Инклузија, не ексклузија".

Главната награда, која ја понесоа 8 автори, е патување и учество во еднонеделна off-town работилница во Преспа, на која учесниците заедно со врвни менторите од Швајцарија(Штефан Бунди) и Македонија(Костадин Танчев-Динка) ќе работат на создавање дополнителни дела кои ќе бидат изложени во рамки на патувачката турнеја на 13. издание на СПФ, почнувајќи од 15 јули.

Победници на конкурсот „Инклузија, не ексклузија" се: Денис Несмејанов (РУС), Еце Батур (ТУР), Едуардо Рибеиро (ПОР), Лука Прстојевиќ (СРБ), Стефан Симоновски (МКД), Теодора Младеновска (МКД), Клаудиа Заблоцка (ПОЛ), Џина Парк (ПОЛ).

Како најава за изложбата на финалиситите од конкурсот, која ќе биде отворена на 17 јуни во МКЦ во рамки на 13. Скопје постер фестивал, во текот на вчерашниот ден на платото и паркот во кругот на Младинскиот културен центар дечиња од Посебното основно училиште „Иднина" цртаа со искористување на различни техники, а со цел подигање на свеста за нивната рамноправна улога во општеството. Делата на дечињата ќе бидат понудени на продажба во хуманитарни цели, токму на отворањето на изложбата на 17 јуни, каде донаторите ќе може и да се сретнат со авторите.

Проектот „Инклузија, на ексклузија", организиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, свое финале ќе има со организација на серија изложби со делата од финалистите, надополнети со сите дела креирани од страна на победниците за времетраењето на работилницата во Преспа.

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
204 пати