Одбројување до премиера: Уште повозбудливо ново најавно видео за филмот „Куќата Гучи“

29 октомври 2021

Помалку од месец дена не' делат од премиерата на „Куќата Гучи“, закажана за 24 ноември. Интересот за филмот е огромен, а неодамна се појави и нов трејлер, уште повозбудлив од првиот.

Од она што го гледаме, актерската екипа е маестрална.  Адам Драјвер како Маурицио Гучи, Лејди Гага како неговата сопруга Патриција го носат главното дејство, но подеднакво впечатливи се и Ал Пачино и Џаред Лето... Во филмот ќе ги видиме и Селма Хаек и Џереми Ајронс.

 

Многумина ѝ прогнозираат „Оскар“ на Гага за оваа улога, што само го подгрева љубопитството и нетрпеливоста.

За потсетување, дејството се одвива во 1995 година, после случувањето кое ја потресе Италија - убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата жена Патриција, поради што ќе биде во затвор 16 години каде ќе го добие прекарот „Црната вдовица“. 

Режисер на остварувањето е Ридли Скот и претставува адаптација на истоимената книга на Сара Геј Форден.

 

Објавено:
29 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
937 пати