„Одиме на Европско“ - Слушнете ја навивачката химна за ЕВРО 2020

8 мај 2021

Македонија за првпат во историјата обезбеди учество на Европското фудбалско првенство. А тој успех и радост секако заслужуваат и соодветна песна.

Денеска официјално е промовиран спотот за навивачката химна посветена на македонската фудбалска репрезентација.

„Одиме на Европско“ е насловот на песната, а видео записот погледнете го во продолжение.

 Македонската селекција е сместена во Ц-групата, а противници ќе ѝ бидат Австрија, Украина и Холандија. Европското првенство ќе биде отворено на 11 јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција.

Како ви се допаѓа химната?

 

Објавено:
8 мај 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
461 пати