Олимписки првак по трет пат ја има најтешката болест

25 октомври 2016

Олимпискиот шампион Скот Хамилтон се соочува со најтешката битка во својот живот, веќе трет пат му е дијагностициран рак на мозокот, иако претходно ќе изјави дека се излечил.

Хамилтон прв пат ќе прозбори со својата болест во 2004-та ,па потоа и во 2010 година. Исто така во 1997 година ќе го победи и ракот на тестисите.

„Имам единствено хоби во својот живот, колкеционер сум на болести кои имаат смртна закана“, ќе каже во една пригода.

Тој е добитник на златниот медал во 1984 година на Олимписките игри, а од 1981 до 1984 последователно ќе освои четири светски титули.

Во својата изјава Хамилтон раскажува како болеста го погодила неговото семејство, неговата сопруга Трејси и четирите деца. Првиот пат биле очајни, веќе вториот пат само силно ја спровеле одлуката да се борат до крај. Тој болеста ја открива при рутинска контрола кај свој доктор.

„Ако се соочувате со ваква болест, најдобро е да прашате неколку доктори и да соберете мислења, за да може да се одлучите за најдобриот третман“, советува тој.

Во неговото семејство, мајка му починува ода рак.

Скот Хамилтон ја продолжува својата борба преку фондацијата Scott Hamilton Cares Foundation, соработува со најдобрите онколози и помага на заболените преку најразлични форми.

„Јас навистина се одлучувам да го славам животот без разлика на сè“, вели тој.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
937 пати