Омилените книги на Бил Гејтс за 2015

18 декември 2015

Еден од највлијателните луѓе во светот, Бил Гејтс, ја објави својата листа на книги што ги прочитал во 2015 година, а најмногу го воодушевиле.

Повеќето од нив се однесуваат на прашањето „како нешто функционира" – независно дали се работи за човечкиот мозок или за некој технолошки апарат или како да се најде лек против одредени болести.
Остатокот од омилената литература на Гејтс, се однесува на четива што продираат до суштината на човештвото – нашите мани и доблести, способноста за развој или пронаоѓањето смисла во нештата што ги почитуваме. Во однос на изборот на оваа литература, Гејтс вели дека неговата цел не е детално да ги истражува тие прашања, туку да научи нешто ново.

Доколку ве интересираат гореспоменатите теми, тогаш во продолжение ги издвојуваме петте омилени книги на Бил Гејтс за 2015 како предлог за вашата листа за 2016 година.

„Eradication: Ridding the World of Diseases Forever?" Nancy Leys Stepan
„Sustainable Materials With Both Eyes Open" Julian M. Allwood, Jonathan M. Cullen
„Being Nixon: A Man Divided" Evan Thomas
„Thing Explainer: Complicated Stuff in Simple Words" Randall Munroe
„The Road to Character" David Brooks

 

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
476 пати