Оскарите имаат нова дата поради пандемијата

16 јуни 2020

Како последица на пандемијата, 93-та церемонија на доделување на најпрестижните филмски награди - Оскари, ќе се одложи и наместо на 28. февруари, ќе се одржи на 25 април, соопшти Американската академија за филмски уметности и наука.

Со ова одложување од два месеци, се продолжува и крајниот рок за пријавување на филмови до крајот на февруари, со што филмските работници добиваат дополнително време и флексибилност да ги завршат започнатите проекти.

Номинациите ќе бидат објавени на 15-ти март, а сè уште нема информација во каква форма ќе се одржи 93-то издание на Оскарите.

Уште во март, кино салите и филмските студија беа затворени поради Ковид-19 кризата. Од неодамна, на филмските работници повторно им е дозволено да работат на своите филмови, но под строго одредени услови и со конкретни рестрикции.

 

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
187 пати
Тагови: 
Оскари