Осум типови на родители кои имаат успешни деца

7 август 2019

Роналд Фергусон е професор од Харвард кој зад себе има неколку бестселери меѓу кои и насловот: The Formula: Unlocking the Secrets to Raising Highly Successful Children.

Неговото објаснување за тоа зошто напишал ваква книга е тоа дека отсекогаш му било фасцинанто што е она што го прават родителите на успешните деца.

Токму поради ова, тој и ко – авторката Таша Робертстон долги години ги проучувале различните стилови на родителство, а нивниот заклучок е дека за успех на детето од исклучителна важност се овие осум родителски улоги.

american_counseling_association

1.Бидете му партнер за учење на детето уште од раните студентски денови

Со оваа улога мора да започнете многу рано, односно од моментот кога вашето дете ќе тргне на училиште, па дури и претходно. Професорот Фергусон смета дека ова е најважната улога од сите осум. Според истражувањето, најуспешните деца научиле да читаат додека уште биле во градинка, а дополнително ги мотивирале зборовите на учителите кога ќе откријат дека знаат да читаат.

2.Инженер на летот

Ова е тип на родител кој ги следи околностите што се случуваат во растењето на неговото дете и внимава детето да добие сѐ што треба и што заслужило. Тоа не значи дека не му овозможува простор за само да се бори и да се докаже, туку дека повремено интервенира. На пример, професорот и неговата сопруга интервенирале во училиштето на нивната ќерка кога дознале дека учителката не ѝ давала еднакви шанси како на другите деца.

early_education_central

3.Оној кој поправа...

Ваквите родители не им дозволуваат на своите деца да се успорат од немањето или губитокот на ресурсите ако тоа се случи. Како што Фергусон објаснува, родителите можат да живеат во сиромаштија, но ако видат можност која е добра за нивното дете и за неговиот успех во животот, одат низ ѕидови за истата да му ја овозможат.

4.Оној кој открива

Станува збор за тип на родители кои на своето дете светот му го откриваат преку посети на музеи, книжари, изложби и сѐ останато што ќе му ги прошири видиците. Како што професорот вели, тоа може да се оствари и кога има недостаток на ресурси, а родителите пронаоѓаат разни начини за да му ги овозможат тие посети на детето. Со оглед на тоа што и тој и неговата сопруга уживале во овие посети, нормално било на истите да ги водат и нивните деца.

science_news

5.Философ

Според професорот, ова е втората најважна улога, бидејќи помага децата да ја најдат нивната цел во животот. Тука родителот разговара за смислата на животот со детето и никогаш не го потценува нивното мислење и способност да го разберат животот и да му дадат смисла. „Се изненадив и самиот колку рано мојата ќерка почна да ги сфаќа тие големи идеи“, вели Фергусон.

6.Модел

Класична улога на родителот во која тој сфаќа кои животни вредности се важни, па се обидува да им ги пренесе на своите деца, кои подоцна живеат по истите. „Сопругата и јас секојдневно се обидувавме да ги живееме нашите убедувања. Тоа не значеше дека е лесно или пак дека секогаш успеавме во тоа“, вели тој.

mental_toughness_online

7.Преговарач

Во оваа улога родителите ги учат децата како да ги почитуваат другите додека се борат за себеси и своите убедувања, особено кога се наоѓаат пред оние кои имаат моќ и авторитет, како пред нивните претпоставени.

8.Навигациски глас

Oва е гласот на родителите што децата го слушаат во нивната глава кога ќе излезат од дома. Овој глас ќе им помогне на младите луѓе во новите животни ситуации.

smart_magazine

Она што професорот го потенцира на крајот од истражувањето е тоа што од исклучителна важност е двајцата родители да имаат заедничка желба да бидат одлични мотиватори. Без разлика која и да е мотивацијата на родителите, дали желбата нивното дете да успее, љубовта или пак нешто во што не успеале тие додека растеле, треба да се искористи, нормално во одредени граници за да се влијае на воспитувањето на детето.

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
728 пати