Осветување на темелите на нов монашки конак во Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“- Рајчица

28 септември 2016

На големиот православен празник Крстовден, кога е всушност и манастирската слава, беа осветени темелите на новиот монашки конак во Манастирот „Свети Георгиј Победоносец" во селото Рајчица.
Ктитор на новиот монашки конак е г-ѓа Елена Пандева (сопственик и генерален менаџер Elena Luka Home) која е долгогодишен пријател на монаштвото од Обителта на Св. Јован Крстител и Обителта на Св. Георгиј Победоносец.

Оваа манастирска слава е поврзана со денот кога пред 17 години беа осветени темелите за конакот во којшто сега живеат монахињите, па по Божја промисла на овој ден беа осветени и темелите на новиот конак.

„На Крстовден, од светиот Престол, од олтарот, беше изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот во храмот на Светиот Јован Крстител - Бигорскиот манастир. По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос", велат уредниците на сајтот на Бигорскиот манастир.

 

 

Објавено:
28 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
809 пати