Откриен првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

24 јуни 2022

Првиот заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше официјално откриен во четвртокот во музејот „Фицвилијам" на Универзитетот во Кембриџ.

За време на нивната посета на регионот Кембриџшир, покрај својот портрет, тие имаа можност да ги погледнат и останатите насликани уметнички дела, кои во ист период беа за прв пат откриени и за јавноста.

Портретот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам | Фото: People.com

Делото беше нарачано во 2021 година од Фондот за кралски портрети на Кембриџшир, кој го држи Фондацијата на заедницата на Кембриџ, како подарок за Кембриџшир.

Автор на сликата е наградуваниот британски портрет уметник Џејми Корет, кој за медиумите изјави дека фактот што бил избран да ја наслика оваа слика е најнеобичната привилегија во неговиот живот.

- Сакав да го покажам нивното кралско височество на начин на кој тие изгледаат и опуштено и пристапно, како и елегантно и достоинствено. Бидејќи ова е првиот портрет што ги прикажува заедно, а особено за време на нивното време како војвода и војвотката од Кембриџ, сакав сликата да предизвика чувство на рамнотежа помеѓу нивниот јавен и приватен живот. Делото е нарачано како подарок за жителите на Кембриџшир и се надевам дека ќе уживаат во него исто како што јас уживав во неговото создавањето. - изјави Корет.

На сликата, војвотката го носи нејзиниот смарагден Фалконети фустан од "The Vampire's Wife" со потпис на Сузи Кејв, истиот оној што го носеше за време на посетата на фабриката Гинис во Даблин во 2020 година. На нозете пак, Кејт ги носи класичните потпетици Хангиси на Маноло Бланик во боја на смарагд.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во Даблин во 2020 година | Фото: People.com

Сликата ќе биде ѝ позајмена на Национална галерија на портрети на одреден период во 2023 година за да го одбележи нејзиното повторно отворање, но дотогаш таа ќе биде сместена во музејот „Фицвилијам".

Војводата и војвотката од Кембриџ (и двајцата 40), ги добија своите титули од кралицата Елизабета на денот на нивната венчавка во април 2011 година.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам | Фото: People.com

Објавено:
24 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
880 пати