Ова би сакале да го искусиме: Патувачки острови во Копенхаген

9 јуни 2020

По начинот на размислување и функционирање, скандинавските земји се години понапред од Балканот. Во тој контекст е и најновиот проект во Копенхаген.

Имено, австралискиот архитект Маршал Бленсер и креативната данска компанија „Фокстрот Магнус Маарбјерг“ заедно работеле на создавање на вештачки, односно дрвен остров кој плови на пристаништето на градот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marshall Blecher (@marshallblecher) onSep 27, 2017 at 5:54am PDT

Протипот е лансиран уште во 2018 година и веќе на него се одржала фото-изложба, имало и организиран пикник, а наскоро се очекува да му се придружат нови три. Платформата е со површина од 25 квадрати. На неа се наоѓа стебло на липа. Изработена рачно, во бродоградилиште, со традиционалните техники на градење бродови. При изработката се користи и железо, рециклирана плута и дрво.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marshall Blecher (@marshallblecher) onNov 29, 2017 at 12:33am PST

Тие се одговор на тоа дека јавните простори во големите градови се пренатрпани и во склад со тоа, нивните функции се нарушени, а како резултат на глобализацијата.

Патувачкиот остров е наречен „Ø1“ (буквата, Ø, на дански значи остров), како прототип на платформата во рамки на проектот насловен како „Островите на Копенхаген“.

-Најголемиот остров ќе се состои од девет модули со дополнителни острови кои ќе пловат во близина. Идејата  е да се збогати делот и над и под островите. Површинскиот дел ќе биде збогатен со ендемска трева, грмушки, дрвја... Долната страна од островот ќе биде идеално опкружување за морските алги и школки, меѓу кои ќе се најдат риби и други морски животни  - велат од данската компанија за магазинот „Дезеен“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marshall Blecher (@marshallblecher) onJul 21, 2018 at 3:10am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by One Day One Architecture (@odoarchitecture) onApr 22, 2020 at 4:16am PDT

Идејата е овие острови кои ќе формираат архипелаг, да станат јавен простор, кој ќе вклучува различни платформи - пловечка сауна, пловечка градина или пловечки бар... Освен тоа, ќе се направат модули, кои ќе можат по желба да ги користат и пливачи, кајакари... Планот е, во текот на секоја сезона да се поместат на различни делови од пристаништето.

Тимот кој стои зад овој проект, вели дека овие места би можеле да се користат и за разни случувања, фестивали, собирања, а можат и да се преместат во не така активни и развиени места, со цел да станат поактивни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marshall Blecher (@marshallblecher) onMar 18, 2020 at 5:27pm PDT

Проектот се базира на оживување на односот град-море, бидејќи морето е еден од најважните производители на кислород на планетата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FOKSTROT (@fokstrot.dk) onJul 27, 2018 at 3:01am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Visionary Mag. (@the_visionary_lab) onMay 2, 2020 at 1:34am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DesignWanted (@designwanted) onFeb 29, 2020 at 8:38am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JUST DESIGN & ARCHITECTURE (@justdesign.architecture) onMar 26, 2020 at 9:57am PDT

 

Објавено:
9 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
377 пати