Ова е велосипедот на нашиот список со желби!

9 јули 2020

Велосипед што се движи додека пешачите по лентата која е дел од неговиот механизам? Да, ова е иновацијата која ќе ги возбуди сите рекреативци.

Малку поинаква верзија на електричен велосипед, моделот насловен Lopifit, всушност не е новост на светскиот пазар и веќе неколку години е хит меѓу рекреативците, но и оние кои го преферираат вело животниот стил.

Произведен е, се разбира во Холандија, земјата во која вело културата ужива највисок статус.
Работи на батерија и е целосно безбеден за животната средина, што е уште една придобивка.

Неговиот дизајн вклучува механичка лента за движење поставена помеѓу двете тркала, така што истовремено корисникот додека се движи по лентата, велосипедот се вози.

Дозволува опција со која се менуваат брзините, достапен е во четири бои: сина, црвена, зелена и црна, а чини 2.895 долари.

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
286 пати