Ова е трејлерот за Стив Џобс на Бојл

18 мај 2015

Fassbender-as-Jobs_thumb800

Животот на Стив Џобс е предизвик и за Дени Бојл. После филмското остварување на Арон Срокин, пристинува и првиот трејлер за новото, токму во режија на Бојл. Дел од актерската екипа се Мајкл Фасбендер во улога на Стив Џобс, како и Кејт Винслет, Сет Роген и Џеф Даниелс.

Во новото остварување ќе бидат вклучени и три бекстејџ сцени од најпознатите говори на Џобс. Според многумина, оваа актерска екипа многу повеќе се очекува отколку од онаа предводена од Ештон Качер. Како пренесува и Vanity Fair, Фасбендер ќе блесне, потпомогнат од одличните Винслет, Роген и Даниелс. Премиерата се очекува да биде на 9-ти октомври.

А кога веќе зборуваме за новитетите во филмската индустрија, новиот предизвик на Натали Портман пак, е ликот на Џеки Кенеди. Биографската драма насловена како Jackie, ќе ја режира Пабло Лараин, а Дарен Аронофски ќе биде продуцент. Дејството филмот ќе ги следи случвањата непосредно после атетнатот на претседателот Кенеди.

landscape-1431651374-0-natalie-comp

Снимањето на филмот ќе започне во декември годинава.

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Култура