Оваа жена која се облекува како во 19 век стана интернет сензација

1 декември 2020

Кога некој лик од 19-от век би живеел сега или кога пред нас би имале жива слика од познатите карактери од книгите на Џејн Остин, ја замислуваме вака...

Токму такви се импресиите кај сите кои посведочиле на невообичаениот стил на младата Украинка, Мила Поворозниук која ја обожува модната естетика на 19-от век.

Пред 12 години таа станала дел од движење за историска реконструкција и од тогаш самата започнала да си креира и изработува винтиџ облека која ја следи естетиката на 18-от и 19-от век.

Со самото тоа што во модерна средина ја донела модата од минатото, таа станала впечатлива најпрвин за локалното опкружување, а потоа и за глобалната интернет заедница, откако почнала нејзините фотографии да ги објавува на социјалните мрежи.

Денеска таа е вистинска модна сензација со над 70 илјади следбеници на Инстаграм и со повеќе милиони прегледи на ТикТок.

Погледнете каква модна перспектива дава Мила на своето секојдневие.

Објавено:
1 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.729 пати