Овој март, четврто издание на FASHION & LIFESTYLE EXPO

28 февруари 2019

Пролетна возбуда. Нови почетоци. Разигрување на духот и целосен пролетен хедонизам... #Градот повторно се буди!

Овој Март, традиционално ќе биде одбележан од единствениот lifestyle настан во нашата околина кој ја слави уметноста, неконвенционалноста и убавината на живеењето – четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Несомнено, фоајето на МОБ ќе биде преплавено со иновација и естетика - од дизајн на автомобили, ексклузивен мебел, накит и аксесоари, моден дизајн, луксузна козметика за дамите и уникатни додатоци за господата па сè до егзотична храна и пијалоци. Целата листа на изложувачи можете да ја проследите ТУКА

Програмата е внимателно осмислена, како би дале простор на младите креативци да ги доближат своите автентични идеи до публиката. Оваа година, главна тема која ќе се проткајува низ настанот е #Градот Скопје - единствениот град во Македонија кој им припаѓа на сите. Скопје во неговото минато, сегашност и иднина. Идејата е да ги прославиме убавите работи на нашиот главен град, да дадеме акцент на проблемите со кои се сочуваме, да направиме илустрација и да прераскажеме што е она што секој пат ни буди чувства и спомени - да дадеме акцент на искрата на нашиот главен град кој неуморно се бори со сето сивило.

Ќе го доживееме Скопје низ призмата на музиката, фотографијата и литературата - Сето ова на 5 различни сцени, 5 целосно нови светови со над 40 учесници во програма која го вади најдоброто од дизајнот, уметноста и убавината. Покрај нив, и галеријата на МОБ ќе биде оплеменета со уметнички дела од дури 7 учесници. Наскоро ќе биде објавена целосната програма на F&L Expo, па следете ја официјалната Facebook фан страна, и задолжително следете го официјалниот настан тука!

За доживувањето да биде целосно, во вечерните часови МОБ ќе се претвори во вистински подиум: не очекува забава со пријатните звуци на локалните музичари и DJ-и!

Не пропуштајте да го посетите најдоброто досега издание на Fashion & Lifestyle Expo и целосно да ги разбудите своите креативни мисли!

Korea Auto Trade и Skopsko Smooth ја препознаа вредноста на Fashion & Lifestyle Expo и оваа година се генерални спонзори на настанот, а истиот е во организација на Моментум Инк.

 

Објавено:
28 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
69 пати