Принцезата на Шведска заврши интензивен курс за да волонтира во болница во справувањето со пандемијата

18 април 2020

Принцезата на Шведска, Софија заврши интензивна обука што ѝ обезбеди базични вештини со кои може да им помага на медицинските лица во справувањето со пандемијата.

Таа веќе ги превзема своите должности, кои не вклучуваат директен контакт со пациенти, туку непосредна помош и поддршка за докторите и медицинските сестри, како што е дезинфекција на инструментите и опремата, како и помош во кујната.

Нејзината работна позиција е во приватната болница „Sophiahemmet" во Стокхолм, каде што не е само почесен член на управата, туку сега е и директно вклучена на терен. Обуката што ја заврши прнцезата е дел од вонредната програма на болнцата, со цел да обезбеди медицински и помошен персонал кој ќе ги поддржи и растерети здравствените лица вработени тука.

„Минатата недела поминав интензивна медицинска едукација. Според програмата за „итна реакција", заедно со другите нови колеги кои ја завршиле обуката, ангажирани сме со повеќе работни задачи со цел да му помогнеме на медицинскот персонал. Ресурсите на болницата се ставени на располагање на регионот на Стокхолм. Околу 40 медицински лица од нашата болница заминаа да помагаат во одделот за интензивна нега во другите ургентни медицински центри, додека нашата болница прима други пациенти, приоритетно лица болни од рак", изјави принцезата.

Досега во Шведска, потврдени позитивни на коронавирус се околу 13.200 лица, а починале 1.400 како последица на истиот.

 

Објавено:
18 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
332 пати