„Панфиз 2016“ со интересна програма за љубителите на пантомимата

6 октомври 2016

Деветтиот по ред Интернационален фестивал за пантомима и физички театар „Панфиз 2016", ќе се одржи од 9. до 11. oктомври на две локации во Скопје, Македонскиот народен театар и во Македонската опера и балет.

И оваа година организаторите најавуваат исклучително интересна програма со гости од Шпанија, Бугарија и Србија, со што нашата публика ќе има можност да проследи различни форми на физички театар и пантомима.

Фестивалот го отвора претставата „Легенда за фауната и патувањето" со Маи Рохас од Шпанија, на 9. октомври (недела) на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот.

Комплетната програма на „Панфиз 2016" може да ја погледнете во продолжение.

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
109 пати