Пар трансформираше стар училишен автобус во прекрасен дом на тркала

29 јуни 2020

Роби и Присила се млад пар кој ја дели страста кон авантуристичкиот животен стил. Така започнува и нивната заедничка иницијатива, да ги истражуваат САД и Канада, притоа без да го напуштат нивниот дом.
И тоа е возможно ако домот е на тркала!

Па за да си ја исполнат оваа заедничка желба, купиле стар училишен автобус и започнале со неговата трансформација, со крајна цел да го создадат својот дом на тркала.

И не само што успеале во идејата, туку со малку умешност, добри идеи и голема посветеност, тие стариот автобус го трансформирале во мал дом од соништата!

Сега веќе се атракција на Инстаграм, каде нивните патувања ги следат повеќе од 120 илјади следбеници.

Совршено функционален, со сите неопходни елементи за едно комплетно домаќинство и бескрајно удобен ентерер, кој не би посакал да го пропатува светот со овој дом на тркала?

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
650 пати
Тагови: 
дом на тркала