Пред нас се летните одмори и повеќе слободно време за уживање и патување. Кога сме на тема патувања, авантурите дома може да бидат исто толку возбудливи како и на некоја егзотична дестинација.
Одберете си добро друштво и одвојте барем неколку дена од вашиот одмор или викенд, ова лето да посетите места во Македонија каде што досега не сте биле, а веруваме дека ги има многу такви.
Предноста е што ви е блиску, не мора да одвојувате голем буџет, а имате можност да се збогатите со многу нови знаење за сопствената земја како и богати искуства зачинети со одлична храна и уште поубава природа.
За инспирација, посетете го профилот на Инстаграм @patuvajnizmakedonija, каде ќе наидете на прекрасни пејсажи, не толку познати, а места вредни за посета, како и одлични совети и предлози каде и како корисно да го „потрошите" своето слободно време.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram