Педро Хоризонте: Нов македонски бенд со познати музички ветерани!

30 јули 2020

Освежување на домашната музичка сцена...

Нов состав со веќе добро познати музички ветерани како членови, е новото засилување на домашната музичка сцена.

Педро Хоризонте, односно Петар Младеновски, Иво Митковски и Гога Поп Георгиевски, кои повеќе од 25 години се активни во музичката сфера, се старо-нова музичка сила која ќе донесе бран освежување на матичната сцена во време кога новата и позитивна енергија е повеќе од неопходна.

Стилски се движат од реге преку панк рок до инди поп со семплови во заднина. Нивниот прв сингл „Земја на еден жител" е миксуван и мастериран од страна на Дени Крстев во Студио 1060 во Скопје, а наскоро најавуваат ЕП и цел албум.

Фотографиите се дело на Кристијан Теодоров.

Viva Pedro Horisonte!!

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
339 пати