Песни на Бреговиќ и „Кочани оркестар“ во новото продолжение на „Борат“

28 октомври 2020

Второто продолжение на „Борат“ („Borat Subsequent Moviefilm“) ја имаше својата премиера на 23-ти месецов, а впечатоците се различни.

Кога е музиката во прашање, Саша Барон Коен и тимот, повторно се одлучија за балканскиот мелос. Така, филмот започнува со познатата композиција на Бреговиќ, „Едерлези“,на која вокалистка е македонската уметница Васка Јанковска. Во филмот ќе ја препознаете и „Калашњиков“, а искористена е и „Сики Сики Баба“ од „Кочани оркестар“ (која ја имаше и во првиот дел), како и неколку композиции од романскиот трубачки оркестар „Фанфаре чочарлија“ во соработка со српскиот дувачки оркестар на Бобан и Марко Марковиќ. 

Инаку, „Едерлези“ беше застапена и во првиот дел на филмот, како и „Успаванка за Радмилу М“ од „Бјело Дугме“. За потребите на филмот беше искористена и „Чаје шукарије“ во изведба на нашата Есма Реџепова, но без нејзина, односно согласност на авторите. За тоа, Есма го тужеше Коен, а на суд доби отштета од 26.000 евра.

За новото продоолжение има 23 композиции кои можете да ги видите/слушнете/купите тука, а ги има и на јутјуб каналот „Archive for Soundtracks“.

Објавено:
28 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
124 пати