Пет фасцинантни европски дворци кои мора да ги посетите барем еднаш

30 јули 2018

Веројатно барем еднаш во животот сте посакале да посетите некој од бројните магични дворци низ Европа кои дефинитивно изгледаат како да се излезени од некоја бајка.

Покрај магичната архитектура, овие дворци се преполни прекрасни приказни кои вреди да ги чуете барем еднаш во животот, па затоа некогаш вреди да се потроши одредена сума на пари за да ги посетите.

Neuschwanstein, Германија

Оваа величествена палата е изградена од големиот крал Лудвиг 2 во време кога веќе не биле потребни како одбранбени структури, но тој го направил и покрај сите критики. Резултатот е неверојатна палата која многумина ја нарекуваат најубав дворец на светот.

Eilean Donan, Шкотска

Ова е еден од најсликовитите дворци во Шкотска, чија величествена структура совршено го надополнува и онака прекрасното окружување. Дворецот е изграден во далечниот 13 век и останал во рушевини по едно востание во 18 век, но Шкотите сфатиле за какво издание се работи и вложиле во негова повторна изградна во 1932 година.

Segovia Alcazar, Шпанија

Катедралата и кулата доминираат кај овој фантастичен дворец кој датира од римско време уште од 16 – тиот век. Денеска, дворецот е музеј кој воодушевува илјадници посетители со чудесниот и раскошен ентериер.

Bran, Романија

Дворецот Бран е вистински магнет за туристите кои ја посетуваат Трансилванија, барајќи информации за легендата за Дракула. Иако творецот на ликот на Дракула никогаш не го посетил ова место, дворецот апсолутно одговара на приказната за осамениот гроф.

Trakai, Литванија

Легендата за овој творец говори дека истиот е изграден како хир на сопругата на тогашниот војвода, бидејќи повеќе не и се допаѓал дворецот во кој претходно живеела. Освен тоа што сопругот и изградил дворец, тој направил и мал полуостров на кој го сместил истиот. Денеска, истиот е музеј, но долги години служел како затвор. 

Инфо: fashion.hr

Објавено:
30 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
522 пати