Пикник во полиња на лаванда: Звучи примамливо, но колку чини?

21 јули 2021

Низ социјалните мрежи сигурно сте налетале на фотографии од пикник во лавандини полиња. Веруваме дека на повеќето од вас им се допаднала идејата.

Она што уште повеќе може да ви се допадне е што тоа е реално изводливо.

Имено, сопствениците на фармата „Валтресинаро“ во италијанското место Виано во близина на Болоња, организираат интересни дружења токму во прекрасните и мирисни полиња на лаванда.

Сопствениците на фармата успеале да го спојат убавото со корисно, па додека чекаат нивната лаванда да биде подготвена за берба и претворена во есенцијално масло и други козметички производи, тие пречекуваат гости со фини специјалитети и се трудат нивниот престој на фармата да им остане засекогаш во сеќавање.

Понекогаш се работи за романтични вечери или пикник на ќебенце, а понекогаш и венчавки.

„Пикник во поле со лаванда“ го организираат секоја среда, четврток и петок од 1 до 31 јули, од 19.30 до 23 часот. Уживањето често е надополнето и со музика.

Цената изнесува 35 евра по лице. Пикникот вклучува пијалак за добредојде, вечера која се состои од тестенини со зеленчук и сирење, омлет со компир и сирење, салама од локални произведувачи, суви колачиња, шише шампањ или две пива, големо шише вода...

Освен лаванда, тие одгледуваат и овошје, житарици, а од неодамна и невен. Честопати се случува да се комплетно распродадени, бидејќи ова доживување е интересно и за Италијаните, подеднакво како и за странците.

Доколку ве носи патот натаму, не пропуштајте ја шансата:

 

 

Објавено:
21 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.817 пати