„Пинк Флојд“ во изведба на Македонската филхармонија во Градски парк

19 јуни 2017

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ве канат на магично патување!

Во Градскиот парк во Скопје на 22-ри јуни со почеток во 21 часот, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња - „Пинк Флојд"!

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!", ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!

Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери - вокал и гитара

И годинава на подарок добивате добра книга - „За одењето по мраз" од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

 

Објавено:
19 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
207 пати