Писмата на Лејди Ди на аукција!

27 март 2017

Писмата на Лејди Ди кои таа ги пишувала на нејзината лична секретарка Џејн Парсонс ќе бидат на аукција во април оваа година. Содржината на оваа кореспонденција открива интимни детали за бракот со принцот Чарлс.

Писмото кое ќе предизвика најмногу интерес е со датум од 15-ти август 1981 година за време на нивниот меден месец на Royal Yacht Britanniа, во кое писмо принцезата наведува „..овој меден месец е извонредна прилика да се наспијам“. Има и други детали од писмата, на пример:

-Принцот Вилијам само на денот на неговото раѓање добил 4500 подароци, 24.000 испратени писма, благодарници лично напишани и потпишани од Лејди Ди. Само замислете да треба во ова современо време да напишете електронска порака колку време ќе ви одземе, а овој податок е извонреден по тоа што сето тоа било рачно напишано.


-Принцезата сакала да биде сигурна дека нејзиниот тим не се чувствувал преработено, изнемоштено ниту пак недоволно платено после раѓањето на принцот Вилијам. Се погрижила колку што е возможо повеќе да помага и да учествува во обврските и протоколот кој и бил наложен.

-Таа била пресреќна кога го видела Вилијам после долгиот пат од Австралија 1983 година. Во едно од писмата пишува како не сакала да патува: „Вилијам не препозна веднаш, што за мало дете оставено поради службени обврски подолг период навистина е олеснувачки. Прекрасно е повторно да бидам дома и се надевам дека за оваа година завршивме со патувањата. Се надевам!“.

За потребите на сите овие патувања била задолжена Катерина Вокер, моден дизајнер која има креирано преку 1000 аутфити за принцезата Дијана, дури е погребана во црн фустан од нејзината омилена дизајнерка. Оваа соработка започнала три месеци после нејзината венчавка со Чарлс и траела 16 години се до смртта на Дијана.

-Кејт Мидлтон за потребите на турнејата во Северна Америка ќе го одбере дизајнерскиот тим на Катерина Вокер. Патем таа починала од рак во 2010-та година, а исто и мајката на принцезата Кејт за венчавката на нејзината ќерка ќе го одбере дизајнерскиот тим на Вокер.

 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
160 пати