Писмо од жена до сите жени: Што треба да знае и да има секоја од нас!

21 јуни 2019

Неодамна во странските медиуми се појави писмо од сценаристката и писателка Памера Редмонд Сатран кое привлече големо внимание.

Во него таа им се обраќа на сите жени во светот, со порака за тоа што секоја жена треба да знае и да има.

Ние во продолжение ви го презентираме во целост:

„Секоја жена треба да има доволно сопствени финансии за да може да замине и да си изнајми стан за себе, дури и ако таа никогаш и нема да го посака тоа или ако тоа никогаш нема да ѝ биде потребно.

Секоја жена треба да има нешто убаво што може да го облече доколку одеднаш ѝ се отвори разговор за работа во компанијата од соништата или за состанок на животот кој ќе се случи за еден час.

Секоја жена треба да има неколку гревови од младите денови за кои, со задоволство, ќе раскажува во староста.

Секоја жена треба да има сет одвртувачи, бежична бормашина и црн градник од тантела.

Секоја жена треба да има еден пријател кој секогаш може да ја развесели и оној кој ќе ѝ ги брише солзите.

Секоја жена треба да има макар едно пристојно парче мебел кое го купила сама, а не го наследила од семејството.

Секоја жена треба да има чувство дека таа управува со својата судбина.

Секоја жена треба да знае како да се вљуби, а да не се изгуби себеси во таа љубов.

Секоја жена треба да знае како да даде отказ на работа, да го напушти партнерот, да се скара со пријателот и притоа да ги сочува добрите односи со сите, во сите овие ситуации.

Секоја жена треба да знае кога да биде упорна, а кога да попушти.

Секоја жена треба да знае дека не може да ја смени должината на своите нозе, ширината на колковите и своите родители.

Секоја жена треба да знае дека нејзиното детство, веројатно, не било совршено, но одамна е поминато.

Секоја жена треба да знае што вреди, а што не вреди да се прави за љубов.

Секоја жена треба да знае како да живее самостојно, дури и ако тоа не ѝ се допаѓа.

Секоја жена треба да знае во кого може да има доверба, а во кого не и зошто не треба работите да ги сфаќа лично.

Секоја жена треба да знае каде или кај кого да отиде кога нејзината душа бара утеха.

Секоја жена треба да знае што може и што не може да направи денес...

За месец дена...

За година...“

Објавено:
21 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.164 пати
Извор: 
uspesnazena.com