Пиволенд од 31. август до 4. септември

22 јули 2016

Од 31 август до 4 септември во Скопје по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд". Локацијата традиционално е на скопското Кале. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини.

Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.

Наскоро ја очекуваме и целосната програма за годинешниов Пиволенд.

Објавено:
22 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
662 пати