Плажата Сакарун е една од 10-те наjубави плажи на Јадранот

29 јули 2022

Пред нас е продолжен викенд и топлотен бран кој не мотивира да го побараме совршеното место за да им избегаме на екстремните температури. Можеби сè уште барате идеја за каде да го поминете летниот одмор, или пак сте решени по секоја цена да заминете на море викендов.

Па, имаме одлична идеја за вас!

Замислете си тиркизен рај, кристална вода, беспрекорен ситен песок, и упатете се кон Хрватска за да го искусите во живо. Овојпат ве насочуваме кон плажата Сакарун, лоцирана на локацијата Вели Рат на Дуги Оток, до која лесно можете да стигнете патувајќи од Задар.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bojan Širola (@bojansirola)

 

Оваа плажа со право се најде на листата на 10-те најубави плажи на Јадранот. Хипнотизирачките нијанси на бела и тиркизна боја кои неодоливо потсетуваат на Малдивите, ја прават оваа локација една од најпривлечните во регионот, воодушевувајќи туристи од секоја возраст.

Погледнете како изгледа Сакарун и уверете се во нејзината убавина. Можеби навистина ќе се инспирирате да го поминете овој продолжен викенд токму таму.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena (@elena.crnkovic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@darko_kesnjer)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jackie Čirjak (@jackiecirjak)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kristina Šik (@kristinasik83)

Објавено:
29 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.261 пати