Pluto’s Doubts месецов ќе настапат во Њујорк и Лондон

13 октомври 2020

После настапите во Дојран (Д Фест), Битола (Битола Отворен Град) и Скопје (Skopje Calling), Pluto’s Doubts ги чекаат уште два настапи, овој пат надвор од границите на Македонија.

По објавувањето на нивниот последен сингл, „Слепа за луѓе свои“  и неколкуте настапи низ Македонија, „Плутоси“ на социјалните мрежи објавија дека овој месец ќе настапуваат на фестивалот Mondo во Њуjорк (17ти октомври) и фестивалот Gotobeat во Лондон (30ти октомври). Поради моменталната  ситуација со светската пандемија и неможноста за патување, тие ќе настапат со live-stream видео, изведувајќи песни од нивниот деби албум ,,Сизиф”, синглови како ,, Немир и валиум” и „Слепа за луѓе свои“ како и досега необјавен материјал. 

Mondo е конференција која ги обединувата технологијата и музиката, пропратена од музички фестивал со значително голема посетеност и капацитет, кој за прв пат оваа година ќе се одржи преку online streaming. Оваа година, освен Pluto’s Doubts ќе настапуваат и Aloe Blacc и Brian Fallon. Влезниците за конференцијата  почнуваат од $99 дo $199, истата ќе биде интерактивна и пренесувана на каналите на Mondo, додека преносот на live концертите ќе биде бесплатен. 

Лондонските настани на Gotobeat пак се фокусираат на независната европска музичка сцена. Настапот на нашите Pluto’s Doubts може да го проследите на 30ти октомври на нивната веб-страна www.gotobeat.com.

За повеќе информации заследете ги Pluto’s Doubts на нивните социјални мрежи: 

Инстаграм

Фејсбук

Јутјуб

Спотифај

 
Објавено:
13 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
71 пати
Тагови: 
Pluto’s Doubts