Почина брилијантниот генијалец Стивен Хокинг

14 март 2018

Еден од омилените физичари на денешницата, Стивен Хокинг, почина утринава во 76-тата година од својот живот. Информацијата ја потврдија и од Универзитетот Кембриџ каде и предаваше со децении. Во нивното соопштение до јавноста се вели дека тој починал мирно во својот дом во Кембриџ, Англија.

Стивен Хокинг е познат како еден од највлијателните современи физичари, кој говореше за мистериите на универзумот, црните дупки, времето – теми што ги обработи и во својата книга бестселер, „Кратка историја на времето".

 

Тој беше феномен и во медицината, затоа што успеа да ја надвладее тешката болест на нервниот систем со која живееше половина век, спротивно на очекувањата на лекарите.

Објавено:
14 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
358 пати