Почина актерката Неда Арнериќ

10 јануари 2020

Во српските медиуми вечерва одекна веста за смртта на познатата актерка Неда Арнериќ. Како пренесуваат, таа е пронајдена мртва во својот стан, а ја пронашол нејзиниот брат.

На јавноста претходно ѝ беше пласирано дека по смртта на нејзиниот сопруг, актерката боледува од депресија, поради што неколку пати се обидела да си го одземе животот, што Арнериќ во една прилика демантираше.

Со оглед дека е најдена без видливи траги на насилство, причините за смртта сè уште не се познати и допрва ќе се утврдуваат.

Оваа тажна вест ја погоди јавноста ширум Балканот, бидејќи пред сè Неда беше една од најактивните и најуспешните југословенски актерки која остави трага посебно во филмската индустрија. 

Глумеше во голем број италијански филмови, првата филмска улога ја остварува во 1966 година, во филмот „Сан“ од каде и ќе започне нејзината богата кариера и по која ќе стане популарна во цела Југославија и пошироко. Секако ќе остане запаметена и по улогите во „Исправи се Делфина„, „Сутјеска“, „Валтер брани Сарајево“, „Ко то тамо пева“, „Варљиво лето '68“ и многу други.

Родена е на 15. јули 1953 година во Књажевац, а почина во 67.година од животот.

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
12.799 пати
Тагови: 
Неда Арнериќ