Од 14-ти август, па сè до 22-ри август ќе се одржи 21-то издание на Сараево филм фестивал. Годинешната програма е поделена на три категории – игран, краток и документарен филм.

Во категоријата игран филм приоритет е ставен на филмовите кои на овој фестивал ќе имаат светска или меѓународна премиера, а проекциите ќе се одвиваат во Народниот театар во Сараево.

Натпреварувачката програма привлекува повеќе од 150 гости, режисери, сценаристи, продуценти, актери и други филмски работици.

Светска премиера во оваа категорија ќе имаат филмовите „Јазол“ на Т. Давут  и „Нашата секојдневна приказна“ во режија на Инес Тановиќ.

Фестивалот вчеравечер го отвори проекцијата на бразилскиот филм „Втора мајка“ (The Second Mother) на режисерката Ана Мујлаерт.

сцена од филмот „Втора мајка“

На свеченото отворање се појавија и голем број познати личности од сараевската јавна сцена, но и од регионот, кои со својата појава и креации се потрудија да внесат гламур на црвениот килим.

дизајнерката Матија Вујица

Пејачите Александра Ковач и Дин, Амел Ќуриќ, актерката Јелена Вељача, дизајнерката Матија Вујица беа само дел од нив.

Јелена Вељача

Александра Ковач и Дин

Победникот на X Фактор Адриа, Амел Ќуриќ со партнерката

Објавено:
15 август 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
304 пати
Извор: 
klix.ba; modamo.info