Почина Аки Рахимовски

22 јануари 2022

Тажна вест го обиколи Балканот, почина музичарот Аки Ракимовски. Веста беше споделена на официјалната Фејсбук страница на групата Парни Ваљак, чиј член беше децении наназад.

"Драги пријатели, со огромна тага во срцето ве известуваме дека денеска нашиот Аки засекогаш заспа", пишуваат од групата.

Детали за смртта нема, а обожавателите се збогуваат со пејачот со уникатната боја на глас. 

 

Објавено:
22 јануари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.973 пати