„Подарете книга со љубов" во Cosmo Зебра

13 декември 2017

Дрогериите Cosmo имаат нови празнични изненадувања, особено за љубителите на книги!

Од 14-ти до 16-ти декември во дрогеријата на Cosmo во центарот „Зебра“ се организира настанот „Подарете книга со љубов" во рамките на кој ќе може да си ја купите омилената книга или да ги изненадите вашите сакани со подарок книга и тоа со големи попусти.

За секоја купена книга белетристика од Издавачката куќа „Арс ламина" добивате подарок уште една книга, а за секоја купена детска книга подарок едукативно блокче или едукативен постер.

Со 10% попуст ќе бидат сите изданија од издавачката куќа „Култура" и за сметка над 500 денари добивате подарок книга. Исто така со 10% попуст се некои од насловите на издавачката куќа „Три“.


На 15. декември (петок)  младата писателка Ксенија Николова ќе има промоција на нова книга „Емотивен манипулатор" од издавачката куќа „Култура" од 11:00 до 12:00 часот, а аа време на промоцијата ќе има и шминкање со козметиката на Manhattan.

Објавено:
13 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
140 пати